Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ѓоковиќ по судската одлука: Многу сум разочаран

/

пред 1723 дена

Сподели преку :

Австралискиот федерален суд денеска во тричлен совет едногласно одлучи одлуката на министерот за имиграција Алекс Хок за укинување на визата за Новак Ѓоковиќ да важи и дека српскиот тенисер мора да биде депортиран од Австралија. Самиот Ѓоковиќ многу брзо ја прокоментира одлуката.

Би сакал само да дадам кратка изјава во врска со денешното рочиште. Ќе одвојам малку време да се одморам и да се опоравам пред да дадам дополнителен коментар на оваа тема. Многу сум разочаран од одлуката да ми биде укината визата бидејќи тоа значи дека не можам да останам во Австралија и да се натпреварувам на Австралија опен.Ја почитувам одлуката на судот и ќе соработувам со надлежните органи за моето напуштање на земјата“, изјави Ѓоковиќ и додаде:

„Засрамен сум бидејќи фокусот во последните недели беше на мене, се надевам дека сега ќе биде само спортот. На играчите и на сите вклучени им посакувам се најдобро. На крајот, сакам да им се заблагодарам на моето семејство, пријателите, тимот, навивачите и моите сонародници за поддршка. Сите ми дадовте сила“, изјави Ѓоковиќ.