Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ѓоковиќ прозборе: Ќе ги пропуштам идните тениски турнири, но не се вакцинирам против КОВИД

/

пред 1692 дена

Сподели преку :

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ за „Би-би-си“ изјави дека не планира да се вакцинира, без разлика на тоа која цена ќе треба да ја плати.

Ѓоковиќ рече дека попрво би ги пропуштил следните големи турнири Ролан Гарос и Вимблдон, отколку да се вакцинира.

„Да, тоа е цената што сум подготвен да ја платам. Не сум антиваксер, но ќе ги и жртвувам трофеите ако ме присилат да се вакцинирам“ – рече Ѓоковиќ.

Тенисерот потврди и дека е подготвен да се откаже од шансата да стане статистички најдобар тенисер на сите времиња, доколку цената што треба да ја плати е вакцинација.

„Бидејќи принципите на донесување одлуки за моето тело се поважни од која било титула или што било друго. Се трудам да бидам во склад со моето тело што е можно повеќе. Никогаш не сум бил против вакцинација. Разбирам дека на глобално ниво сите се обидуваат да вложат големи напори за да се борат против овој вирус, се надевам ќе го видиме крајот на овој вирус наскоро“, дополни Ѓоковиќ.