Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Јанакиески дојде слободен на рочиштето за ТНТ

/

пред 1799 дена

Сподели преку :

Во придружба на адвокатот, обвинетиот Миле Јанакиески пристигна на судското рочиште за предметот ТНТ.

Вчера беше укинат притворот на Јанакиески кој трае веќе цели 3 години, а тој е обвинет за повеќе дела.

Денеска тој дојде без полициска придружба, но на прашањето што се случува во врска со неговиот притвор кратко одговори.

-Не знам, се што знам е од медиумите, рече Јанакиески.

Обвинителката Вилма Русковска најави дека ќе бара притвор поради можност за бегство на Јанакиески бидејќи има повеќе обвиненија и првостепена пресуда од 6 години и 3 месеци затвор за организација на собраниските насилства на 27ми април.

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција не било информирано за укинатиот притвор.