Министерот за информатичко општество и јавна администрација, Јетон Шаќири најверојатно ќе ја замене Мила Царовска и ќе биде нов министер за образование и наука, објави „Слободен печат“.
Шаќири во телефонска изјава за ТВ 21 вели дека конечните одлуки ќе ги соопшти партијата најверојатно во текот на следната недела.
Претходно Шаќири се споменуваше како потенцијален кандидат за челната позиција во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.











