Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЈСП бара замрзнување на цената на метанот – Регулаторна вели дека тоа е против законот за енергетика

/

пред 1733 дена

Сподели преку :

В.д. директорот на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје Иван Илиевски денеска извести дека новата цена на метанот која на светските берзи порасна на 110 денари ќе се одрази врз работењето на претпријатието.

Како што појасни тој на денешниот брифинг, цената на метанот на 31.12.2021 година беше 50 денари за килограм, а новата цена е 110 денари. Со ова, разликата ќе биде околу милион евра дополнителен трошок за јавното претпријатие.

Затоа, Илиевски побара од Регулаторната комисија за енергетика да може да ја регулира цената на метанот, односно да се замрзне нивото на цената од декември и побара како единствена и најбезболна опција централната власт да субвенционира дел од разликата во цената.

– Во овој момент барам помош и субвенција од Владата и исто така регулирање на цената на метанот за македонскиот пазар. Регулаторна комисија да се вклучи, да донесе некоја одлука за замрзнување на цените заклучно со цената на метанот на 31.12.2021 година, рече Илиевски.

Првиот човек на регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, вели дека тие немаат никаква надлежност во однос на замрзнување на цени на продукти, како што е метанот, односно ЦНТ-то.

“Таа дејност се смета како целосно пазарна дејност и затоа при носењето на законот, добивме поддршка и од секретаријатот на енергетската заедница. ЦНГ-то претставува компримиран природен гас , за кој што ние , согласно законот за енергетика не определуваме набавни цени.” – вели Бислимовски, додавајќи дека барањето на ЈСП е спротивно на законот за енергетика.