Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ќе поскапи ли парното од 1 јануари?

/

пред 1738 дена

Сподели преку :

Корисниците на парно греење на компанијата Балкан Енерџи Груп од 1 јануари можат да останат без парно греење затоа што не е набавена потребната количина гас за следната година. Алтернативните опции се набавката да оди преку БЕГ, но оттаму потоа да им го наплаќаат парното греење на корисниците по далеку повисоки цени, или Владата да ја субвенционира набавката и да нема покачување на цената. Од Владата велат дека преговорите се во тек.

Макпетрол вчера постигна договор со рускиот енергетски гигант Гспром, и тоа по 30% пониска цена од берзанската, но договорената квота не го опфаќа и БЕГ. Компанијата БЕГ, снабдувачот со парно греење за Скопје, од Регулаторната комисија за енергетика побара парното да поскапи за 300 отсто, со образложение дека за толку била порасната цената на гасот на светските берзи во однос на јули, кога беше донесена последната одлука за цената на топлинската енергија.