Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ѝ Македонија поднела барање за исплата на средства од одбранбениот механизам „SAFE“

/

пред 444 дена

Сподели преку :

18 земји побарале кредити во вредност од 127 милијарди евра, преку инструмент создаден за зајакнување на одбранбените капацитети на континентот, соопшти ЕК.

Програмата, наречена „SAFE“, е во сржта на стратегијата на европската извршна власт за забрзување на заедничката набавка на оружје, како одговор на наводната руска закана.

Покрај членките, можност за аплицирање за средства од SAFE имаат и држави кои не се дел од Унијата, но кои имаат склучено договори за безбедносно и одбранбено партнерство со ЕУ, меѓу кои е и земјава.

Листата од 18 земји кои поднеле барања за позајмици ја сочинуваат Белгија, Бугарија, Грција, Естонија, Италија, Кипар, Летонија, Литванија, Полска, Португалија, Романија, Словачка, Унгарија, Финска, Франција, Хрватска, Чешка и Шпанија. Вкупната вредност на поднесените барања за финансирање од земјите членки изнесува 104 милијарди евра.

Европската комисија стравуваше дека земјите членки нема да ги искористат сите достапни средства, проценувајќи дека ќе бидат поднесени проекти во вкупна вредност помеѓу 75 и 100 милијарди евра. Од тие причини, испратени се писма до земјите членки со кои се повикуваат да аплицираат за искористување на достапните средства за заеми.

Преостанатите 23 милијарди евра од механизмот SAFE дополнително ќе може да ги искористат земји кои досега не аплицирале за позајмици. Земијте  имаат рок до ноември да аплицираат до Брисел и да достават детални планови за тоа како ќе ги потрошат средствата.