Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ахмети до младите Албанци: Дајте ми го мечот и ќе видите како ќе го ставам во функција

/

пред 2277 дена

Сподели преку :

Идејата за прв премиер Албанец не е шега порача вечерва претседателот на ДУИ, Али Ахмети од „Плоштад Македонија”, во Скопје.

Истакна дека досега не изгубил ниту една борба затоа што мечот му го давале војниците, патриотите и мисионерите.

Ќе обезбедиме социјална пензија за сите жени кои никогаш не биле вработени, порача Насер Зибери, кандидатот на ДУИ за прв премиер Албанец.  Жените придонеле подеднакво во градењето на нашата држава и нашето општество – Тоа се жени кои не` одгледуваа, кои работеа напорно во нашите домови, нашите  семејства и во претпријатијата, но кои немаат право на пензија, вели Зибери. Социјалната пензија е една 25-те мерки од планот со кој Зибери предвидува подобрување на животот на граѓаните. И, не само што ќе придонесе кон подобар квалитет на животниот стандард на сите граѓани, туку ќе ја зајакне и економијата, потенцира Зибери.