Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во последната порака, пред почетокот на изборниот молк рече дека дојде време да се отстрани етничката хомогенизација, и да се стави крај на предрасудите. За идејата за премиер албанец, која прв пат пред овие избори ја промовираше партијата, Ахмети рече дека иницијативата наиде на невообичаени, и необјасниви реакции.











