Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ДСПДП: Вклучување на деца во политичка кампања е недозволиво

/

пред 2286 дена

Сподели преку :

Државниот совет за превенција на детското претстапништво соопшти денеска дека вклучувањето на лицата под 18 години во било какви активности поврзани со изборната кампања е недозволиво и не е во најдобар интерес овие млади лица, согласно конвенцијата за правата на децата.

Истовремено, државниот совет потсетува дека членот 183 од изборниот законик  предвидува глоба од 8000 евра за радиодифузерот и 30% од одмерената глоба за одговорното лице на радиодифузерот доколку биде објавено изборно пропагандно известување со учество на деца.