Индустриска зона, нови улици, нови фасади, нови градинки и низа други проекти вети кандидатот за градоначалник на Штип од редовите на СДСМ, Сашко Николов.
На митинг во центарот на градот, Николов и претседателот на партијата Зоран Заев го набројаа досега сработеното и најавија уште повеќе работа ако ја добијат довербата на граѓаните.











