31 починати пациенти и 256 нови случаи на Ковид-19 од 2.778 тестирања, се регистрирани во последното деноноќие, информираат од Институтот за јавно здравје. Меѓу жртвите има и лице на возраст од само 18 години, жител на Гевгелија.
Од новозаразените, во Скопје има најмногу – 160. Спласнаа бројките во Тетово каде што се регистрирани двајца новозаболени, додека пак во Куманово позитивни се тестирани 32 пациенти.
Регистрирани се 545 оздравени пациенти.











