Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Најмногу вакцинирани во Неготино, најмалку во Куманово

/

пред 1813 дена

Сподели преку :

Со една доза на вакцина против Ковид-19 вакцинирани се 49,4 отсто од населението над 18 – годишна возраст, информираат од Министерството за здравство.

Кај лицата над 40 – годишна возраст опфатот со една доза изнесува 57 отсто, додека пак кај лицата на возраст од 18 до 39 години опфатот со една доза на вакцина изнесува 33 отсто.

Најмногу со прва доза вакцинирани граѓани има во градовите Охрид (65,1 отсто), Кавадарци (65,3 отсто), Неготино (66,3 отсто), Гевгелија (62,4 отсто) и Ресен (60,6 отсто).

Меѓу 50 до 60 отсто опфат на вакцинирано население со прва доза има во градовите Битола, Кичево, Велес, Берово, Пехчево, Прилеп, Крушево, Скопје, Валандово, Штип, Пробиштип.

40 до 50 отсто опфат на вакицнинирани граѓани има во градовите Кичево, Свети Николе, Кочани, Виница, Делчево, Крива Паланка, Струга, Македонски Брод и Тетово.

Најмалку вакцинирани меѓу 30 до 40 отсто во моментов има во Куманово, Кратово, Дебар, Струмица, Гостивар и Радовиш.