Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ахмети го посочи Гоце Делчев како пример за соработка на албанските и македонските патриоти

/

пред 2283 дена

Сподели преку :

Еден од врвните приоритети на Насер Зибери, доколку стане премиер, ќе биде промена и усогласување  на државните симболи, особено на химната. Тоа, според него,  би значело вклучување и на дел од културното наследство и традицијата на Албанците во рамките на химната, како и употреба на албанскиот јазик соодветно на учеството на Албанците во заедничкото општество.

Приоритет ќе биде и целосното интегрирање на Албанците, на албанската традиција, култура и јазичен израз во сите сфери на општественото живеење. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, пак, на вечерашниот митинг рече дека Гоце Делчев соработувал со aлбански и македонски патриоти и заедно работеле за да ги решаваат проблемите на сите граѓани.