Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ВМРО-ДПМНЕ: Вакцините кои ги набавил Филипче се доволни само за еден град колку Злетово

/

пред 2105 дена

Сподели преку :

Информацијата за вакцините на Фајзер следи со недозволиво доцнење, и станува збор за многу мала доза, реагираше ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е доволно да се вакцинира отприлика само еден град колку Злетово, кој брои помалку од три илјади жители. Филипче продолжува со полуинформации дека во директни преговори се обезбедени 800.000 дози за цела 2021. А, детали за тоа кога и колку вакцини ќе стигнат нема, се потенцира во партиското соопштение на опозицијата.

Во него се потенцира и дека додека во Македонија дополнително ќе се утврдува динамиката, регионот и земјите од ЕУ имаат многу јасна слика или детален план.