Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Отворена истрага за паралелен увоз на лекови- полициски инспектори утрово во веледрогерија Пановски

/

пред 2150 дена

Сподели преку :

Полициски инспектори од одделот за борба против организиран криминал и корупција на МВР претпладнево вршат одземање на документација во веледрогеријата Пановски, дознава Телма.

Истрагата која е во надлежност на Обвинителството за гонење на организиран криминал е насочена кон паралелниот увоз на лекови. Покрај веледрогеријата Пановски со истрагата се опфатени и други веледрогерии увозници на лекови.

Истражните органи ги проверуваат сомнежите дали се увезувани фалсификувани лекови кои се дистрибуирале во јавното здравство. Се проверува документација за увоз на лекови пред се од Турција, дознава Телма.

Миомир Серафиновиќ