Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бајден порача дека Путин има поголеми цели од Украина, јавноста му возврати да се грижи за САД

/

пред 986 дена

Сподели преку :

Американскиот претседател Џо Бајден ја критикуваше изјавата на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, дека нема да спречи напад на Русија врз членки на НАТО, во случај да одбијат да ги исполнат финансиските обврски кон Алијансата.

„Знаете зошто Украина е важна? – Од причина што, како што можете да видите, рускиот претседател Владимир Путин се насочи на многу поголеми цели“, напиша Бајден.

Корисниците на платформата Х ја критикуваа изјавата на шефот на Белата куќа и го повикаа да се грижи за САД, а не за Украина, како и да не се посрамотува со таквите изјави и да поднесе оставка.

Претходно Трамп посочи дека како претседател на САД нема да дозволи помош за земјите од НАТО, доколку тие не ги исполнат обврските кон таа организација.

Трамп повеќе пати изјавуваше дека не верува во желбата на НАТО да ги заштити САД. Како претседател, тој го изразуваше незадоволство од работата на Алијансата и се закануваше дека САД ќе се повлечат од неа доколку европските партнери не преземат поголема финансиска одговорност за сопствената безбедност. Во исто време, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека САД нема да го напуштат овој воен блок, без оглед на резултатите од американските избори закажани за ноември.

Во интервјуто со американскиот новинар Такер Карлсон, Путин нагласи дека Москва нема намера да ги напаѓа членките на НАТО, особено не Полска, Латвија или други балтички земји.

Борел: Не може НАТО да зависи од расположението на американскиот претседател

Борел: Не може НАТО да зависи од расположението на американскиот претседател