Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Италијански баритон со кадифена боја“ – НОБ се простува од трагично загинатиот оперски првенец Ристе Велков

/

пред 135 дена

Сподели преку :

Македонската оперска сцена изгуби исклучителен уметник, врвен интерпретатор и човек, чиј глас, уметност и сценско присуство оставија длабока трага во Македонската опера и балет и во македонската музичка култура, се наведува во соопштението на Националната опера и балет (НОБ) по повод трагичната смрт на Ристе Велков, оперски првенец и баритон, кој го загуби животот во синоќешната стравична сообраќајна несреќа на скопската обиколница.

„Со неизмерна тага и неверување ја примивме веста за трагичната смрт на првенецот на Македонската опера и балет, баритонот Ристе Велков, кој го загуби животот во сообраќајна несреќа. Ристе Велков беше еден од водечките македонски баритони и еден од најхаризматичните оперски солисти. Како реномиран солист, првенец на Македонската опера и балет, тој претежно настапува во белканто продукции, со што го заслужува и епитетот „италијански баритон со кадифена боја“, се наведува во дописот на НОБ за трагичниот настан.

Велков е роден во 1975 година во Скопје. Средното музичко образование го завршува во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје во 1994 година, во класата на проф. Марија Николовска, смер соло-пеење. Дипломира на Факултетот за музичка уметност при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1999 година, во класата на м-р проф. Милка Ефтимова. Магистрира со највисока оцена cum laude во 2011 година на истиот факултет, во класата на м-р проф. Билјана Јовановска Јакимовска, смер соло-пеење.

Во периодот 1995 – 2000 година ги гради основите на оперското пеење кај македонскиот тенор Гога Трајанов. Своето уметничко усовршување го продолжува кај драмскиот тенор Стојан Стојанов Ганчев од Загреб, како и кај познатите италијански вокални педагози Антонио Бојер и Мирела Паруто, и светски познатиот романски баритон Николај Херлеа. Од 2001 до 2017 година се специјализира и го надградува својот репертоар во приватното оперско студио на бугарскиот баритон Стојан Попов во Софија.
Дебито на сцената на Драмски театар ја имаше во 1996 година, како студент, во претставата „Амадеус“. Две години подоцна за првпат настапи и на „Мајски оперски вечери“ со улогата на Маруло во „Риголето“. Во 2009 година настапува на матичната сцена во Македонската опера и балет со насловната улога во „Набуко“.

Велков гостува во Јапонија, во Србија, во Романија, во Турција и во Бугарија, а настапуваше на речиси сите значајни домашни фестивали и манифестации: „Охридско лето“, „Скопско лето“, „Штипско лето“, „Есенски музички свечености“, „Мајски оперски вечери“, „Интерфест“ – Битола и други.

Во текот на својата кариера реализираше голем број улоги, меѓу кои повеќе од 15 главни и водечки баритонски остварувања: Набуко („Набуко“), Риголето („Риголето“), Магбет („Магбет“), Грофот Луна („Трубадур“), Жорж Жермон („Травијата“), Дон Карло ди Варгас („Моќта на судбината“), Амонасро („Аида“), Ецио („Атила“), Енрико („Лучија од Ламермур“), Белкоре („Љубовен напиток“), Ескамиљо („Кармен“), Валентин („Фауст“), Шонар („Боеми“), Алфио („Кавалерија рустикана“), Силвио („Палјачи“), Таткото Петер („Ивица и Марица“), Сигизмунд – крал на Полска („Иван Сусанин“), Огнен („Цар Самуил“) и Вангел („Илинден“).

Во тешка сообраќајна несреќа загинаа три момчиња на 20 години и таткото на едно од нив

Баритонот Ристе Велков загина во тешката сообраќајна несреќа во која починаа и три млади момчиња