Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мајката на Навални: – Цел свет го знае нарачателот на убиството на мојот син!

/

пред 610 дена

Сподели преку :

Мајката на починатиот руски опозициски лидер, Алексеј Навални, се обрати пред присутните на одбележувањето на првата годишнина од смртта на нејзиниот син во казнената колонија на Арктикот, каде што тој издржуваше затворска казна.

 

– Целиот свет го знае нарачателот, но ние сакаме да ги најдеме сторителите, оние кои го потпомогнале тоа и оние кои го направиле тоа“, рече Људмила Навалнаја, говорејќи по комеморацијата на московските гробишта.

Десетици илјади луѓе присуствуваа на погребот на Навални во Москва минатиот март во ретка манифестација на пркос во земја каде што каков било уличен митинг или дури и поединечни собири често резултираат со итно апсење.

Со денови потоа луѓето носеа цвеќиња на неговиот гроб.

Неговата вдовица, Јулија Навалнаја, вети дека ќе ја продолжи борбата.

Таа снимаше редовни видео обраќања до нејзините поддржувачи и се состана со западните лидери и високи функционери, залагајќи се за Русите кои се против Путин и воената операција во Украина.

Јулија Навални: Путин ја прикрива вистината за смртта на мојот соптуг