Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Сејф сити“ – и добар и засега неприменлив поради политички погледи

/

пред 264 дена

Сподели преку :

Добра иницијатива за зголемување на безбедноста во сообраќајот, но сепак има многу недостатоци, за што се потребни сериозни интервенции за подобрување, велат од ДУИ како одговор на прашањето зошто не го подржуваат законот за прекршоци со кој од 1 февруари би почнала и практична примена на казнувањето на сообраќајни прекршоци за „Сејф Сити“.

Координаторката на пратеничката група на ДУИ, Рина Хајдари ни посочи дека има и многу поплаки од страна на граѓаните, а предложениот закон задира во правата на граѓаните и јазичната еднаквост.

„Предлог-законот е поднесен во скратена постапка, иако неговата содржина задира во чувствителни прашања поврзани со човековите права, јазичната еднаквост и прекршочната одговорност. За ваков закон не постои реална потреба од скратена постапка, а редовната постапка би овозможила поширока јавна расправа, поголема транспарентност и поквалитетни законски решенија“, ни одговори Хајдари од ДУИ. 

Власта го предложи законот, а планот е „Сејф Сити“ да почне да праќа казни од 1 февруари. Но, за тоа треба да се смени законот за прекршоци, за чие носење е потребно двотретинско мнозинство, односно гласовите на опозицијата, СДСМ или ДУИ или двете заедно. ДОПОЛНЕТО во 12:30 на 15.01.2026.: ДУИ засега не го подржуваат, а СДСМ уште разгледува и гради став за законските измени, ни одговори вчера координаторот на пратеничката група, Оливер Спасовски.

ДУИ дополнително го држи под контрола и Бадентеровото мнозинство поради што е закочен и изборот на Народен правобранител, бидејќи само власта се сложи за предложениот кандидат.

Хајдари ни изјави телефонски дека и Законот за прекршоци и изборот на нов правобранител се прашања кои може да се решат со конзензус на партиите, а тоа може да се случи и на лидерската средба, доколку ДУИ ја прифати поканата.

Миомир Серафиновиќ