-Сите Вие од службата што сте за седници веднаш кај мене, сите Вие што се на плата и уште (вулгарен збор) мајката овде, се слуша од аудиозапис на кој споделувачот на Твитер профил, тврди дека е гласот на спикерот Талат Џафери.
На снимката се слуша како потоа снимениот Џафери вика и пцуе, како и довикува „бегај бе“ и „сус“ и продолжува да пцуе.
Командант Форина до службениците: 👉Си ебавате мајката тука! pic.twitter.com/R5tMyGL2TK
— @Soleimani (@Soleimani_QUDS) May 12, 2022
Од опозицијата велат дека ваквото однесување на претседателот на Собранието кон собраниските службеници е скнадалозно.
-Односот на Џафери е и слика како се однесува оваа власт на СДСМ и ДУИ со вработените во институциите и народот воопшто. Тие вработени кои Џафери ги пцуе се нечии синови, ќерки, мајки, татковци, сопружници. Талат Џафери е пример за примитивизам и политичар кој треба да биде минато. Ова не смее никогаш повеќе да се повтори, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ по објавување на аудио снимката.
-Оваа аудио снимка од која се слуша примитивизмот на Џафери е доказ зошто СДСМ и ДУИ мора да заминат во опозиција и зошто мора да има предвремени парламентарни избори час поскоро, велат од опозиционата партија која спроведува таканаречена активна блокада на Собранието.
По првиот ден на блокадата, денешниот втор ден донесе помирни тонови во горната сала на Собранието која последен пат се користи за пленарни седници поради короната, но сепак вечерта беше објавен аудио-записот со Џафери.
„Блокираното“ Собрание денеска продолжи да работи во посмирена атмосфера











