Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Медведев: Ако Зеленски беше наша цел во Одеса, ќе го погодевме

/

пред 960 дена

Сподели преку :

Дмитриј Медведев, заменик претседател на Советот за безбедност на Русија, соопшти дека делегацијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски не била цел на вчерашниот руски напад врз Одеса, пренесе „Ројтерс“.

Тој додаде дека Русија би го погодила Зеленски ако бил цел и оти било очигледно дека немало планиран удар на колоната со возила.

Руска ракета експлодира на, отприлика, 500 метри од конвојот на украинскиот претседател Володимир Зеленски и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на вчерашниот напад на пристаништниот град Одеса, на југот на Украина.

Реакцијата на Медведев е одговор на украински претставници кои не исклучуваат можност Зеленски и Мицотакис да биде мети на рускиот напад.

(Видео) Експлозии во близина на Зеленски и Мицотакис – Русија ја гаѓаше Одеса за време на посетата на грчкиот премиер