Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Собранието ја констатираше оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи кој повеќе од два месеца не доаѓаше на работа

/

пред 115 дена

Сподели преку :

На денешната собраниска седница во македонското Собрание беше констатирана оставката на вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи.

Фетаи ја поднесе оставката на 1 јуни, по период од повеќе од два месеци во кој, како што беше наведено, не се појавувал на работното место.

Повеќе од два и пол месеци го немаше на влада, на седници, во сопствениот кабинет на вицепремиер задолжен за добро владеење. На првиот ден од јуни, Арбен Фетаи си поднесе оставка од функцијата. Ја достави до владата и ја објави на „Фејсбук“.

  • Смета дека во овие две години имал чест и привилегија да и служи на државата и да придонесе за реформите за зајакнување на одговорноста, транспарентноста и владеењето на правото.

Фетаи од патување во Бангкок до оставка од вицепремиерска и министерска функција