Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Телма го откри местото каде било запалено возилото на монструмите кои ја убија Вања Ѓорчевска

/

пред 1050 дена

Сподели преку :

Во атарот на селото Бразда на половина пат кон спортскиот аеродром Стенковец стојат трагите од запалениот автомобил на монструмите кои ја убија четиринаесетгодишната Вања Ѓорчевска.

До местото може да се стигне исклучиво по каллив земјен пат кој малкумина го знаат, дури и мештаните од Бразда не ја знаат точната локација.

На локалниот пат кон селото Бразда нема многу сообраќај и на две места има исклучување кое води кон локацијата каде што е оставен и запален автомобилот.

Ова е патот по кој се движат монструмите со „цитроенот“. Во багажникот е врзано и преплашено дете.

Планот веќе им е изјаловен и решени се да ги скријат трагите и повторно да ги окрвават веќе крвавите раце.

Признале, прво ја ликвидираат Вања каде околу 10 часот наутро, ја закопуваат, а потоа го носат возилото за да го запалат.

Според официјалните информации од истрагата, телото на четиринаесетгодишната Вања Ѓорчевска е закопано во близина на опожарениот автомобил, во полињата од атарот на селото Бразда, кон спортскиот аеродром Стенковец.

Огнен Чанчаревиќ

(видео)Спасовски: Вања е грабната од внатрешниот дел на зградата, со врзани раце и нозе во вреќа за спиење ја ствиле во возилото „цитроен“