Американскиот претседател Доналд Трамп упати остри критики кон папата Лав XIV, нарекувајќи го „ужасен“ во надворешната политика и „слаб во борбата против криминалот“. Во објава на платформата „Трут соушал“ , Трамп дополнително ги заостри односите со Ватикан.
Трамп ги критикуваше ставовите на папата за глобалните конфликти, наведувајќи дека не сака поглавар кој смета дека е прифатливо Иран да поседува нуклеарно оружје или кој се спротивставува на американските акции против Венецуела.

Критиките на Трамп кон папата доаѓаат откако претходно папата Лав IXV зборувајќи за време на вечерна молитвена служба во базиликата „Свети Петар“ во Ватикан, повика да престане лудилото на војната осудувајќи ја „заблудата за семоќ“ која, според него, ги поттикнува воените конфликти, вклучително и војната меѓу САД и Иран.











