Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЛДП бара итно воведување на електронски нараквици за насилниците

/

пред 394 дена

Сподели преку :

По трагичната смрт на Росица и нејзиниот татко во Велес, Либерално-демократската партија денеска упати итен повик за законски измени со кои ќе се воведе електронска нараквица за следење на насилниците.

Од партијата нагласуваат дека електронската нараквица, според предлогот, би овозможила жртвата да биде алармирана доколку сторителот се приближи на помалку од 100 метри, со што значително би се зголемила нејзината безбедност.

Партијата ги повика сите пратеници, без разлика на политичката или етничката припадност, да поддржат системски решенија за заштита на жртвите и порачаа трагедијата на Росица да биде последна.

(видео)Катерина Котеска Стисниовска во Вин Вин: Нема надзор врз изречените мерки за насилниците и секогаш доаѓа до прекршување