Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Герасимовски барал од полицијата да ја надгледува Треска за да не „букне“ нов пожар опасен за околината

/

пред 1627 дена

Сподели преку :

Општина Центар заедно со директорот на Инспекторатот за животна средина ќе има средба на која што ќе се договорат како ќе се расчистува отпадот на целата територија на фабриката Треска.

По дадените насоки од обвинителството и по добивањето на записниците од МВР ќе свикаме уште еден кризен штаб за да ги утврдиме следните чекори како ќе постапиме како општина, рече градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски во емисијата Вин-вин.

Герасимовски информира дека со полицијата се договориле да се прави надгледување на парцелата, за да не настанат повторни кражби или нови пожари.

-Без маска бев извесен период, а потоа со маска. Последици малку почувствувавме од чадот. Како општина постапивме брзо, тим луѓе директно излеговме од канцеларија. Повикавме Црвен крст, Брза помош и обезбедивме вода. Нашите информации се дека освен железо, лакови, азбестен покрив, салонитки азбестни, коишто го има на многу покриви, дека истиот е штетен, не гори, но е штетен кога се крши. Првата изјава беше дека јас и општината ќе направиме се за да ја исчистиме парцелата, кажа Герасимовски.

Сопствениците на објекти и парцели во Треска мора да знаат за опасен отпад на својот имот и не требало да најавуваат катастрофа туку да го отстранат, вели државниот секретар за екологија