Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Марковиќ: Законот за високо образование е рецепт за „brain drain“ – младите ќе си ги спакуваат куферите

/

пред 234 дена

Сподели преку :

Предлог-законот за високо образование предизвика бурни реакции во академската заедница. Универзитетскиот професор Ненад Марковиќ во вечерашната емисија Вин-Вин истакнува дека, иако намерите се за модернизирано и квалитетено високо образование, постои реална опасност од негативни последици за младите академици.

„Ние ќе останеме без подмладок во некои дисциплини. Зошто некој млад човек, кога ќе види дека критериумите за унапредување во доцент, вонреден или редовен професор траат неколку години, не би побарал кариера во некој престижен европски факултет со пониски критериуми и подобри услови?“ објаснува Марковиќ.

Тој додава дека за некои дисциплини, како општествените науки и дел од хуманистичките, барањата за објавување трудови во Web of Science се нереални: „Ако тоа е реално во математика, географија или хемија, во политички науки и право апсолутно нереално. Законот е измислен да поттикнува brain drain.“

Марковиќ потенцира дека ваквите услови само ќе ги оддалечат младите од државата кои првично би си го поставиле прашањето – „Што би поттикнало млад човек да остане тука и да се бави со наука?“

Стевановиќ: Со новите критериуми професор ќе стане тој што има пари, не тој што има знаење

Т.Д.