Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Еден од повредените патници почина во болница – трета жртва на превртениот автобус кај Сремска Митровица, 35 лица се хоспитализирани

/

пред 363 дена

Сподели преку :

Уште едно лице им подлегна на повредите во болница, со што билансот на жртви во сообраќајната несреќа кај Сремска Митровица се искачи на три. Двајца патници починаа на лице место, а 35 се хоспитализирани во Општата болница во Сремска Митровица. Еден пациент е згрижен во Клиничкиот центар „Војводина“ во Нови Сад.

Несреќата се случи попладнево, во 14:45 часот. Полицијата го приведе возачот на автобусот кому му е одредено задржување до 48 часа.

Автобусот на превозникот „Сирмиум бус“, што превезувал работници на компанијата „Хелткер“, се превртел во близина на Сремска Митровица, на пат кон село Јарак, соопшти МВР на Србија.

Две лица загинаа, околу 80 се повредени – се преврте автобус кај Сремска Митровица