Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Случај Треска на Вин-вин: Државата треба да знае што има на земјиштето кое го продава, вели советникот Димовски за пожарот кој му се закануваше на Скопје

/

пред 1627 дена

Сподели преку :

-Државата кога продава вакви капацитети, индустриски, кои порано било државни или денационализира земјиште под такви капацитети, таа има обврска да направи еколошка ревизија и да види што има таму и што се се наоѓа. Ова се наводи на експерти кои сега ги слушнам и ќе ги проверам деновиве, а се надевам дека Вие (Шукова од Министерство за животна средина) може да ни дадете мислење дали ова е точно, истакна во дебатата советникот Јане Димовски.

-Како прво државата, бидејќи Треска бил државен комбинат треба да остави попис на што има таму во тие хали. Второ имаме и претпријатија кои се под стечај. Па би требало да се знае и што има останато во тие хали. И овие работи со отпад треба да се знаат пред земјиштето да се денационализира и продава. И идните сопственици да знаат што има на тоа подрачје. Но таквата обврска државата не ја спроведува со ниту еден капацитет, рече во Вин-Вин, Јане Димовски, советник од Шанса за Центар.

Сопствениците на објекти и парцели во Треска мора да знаат за опасен отпад на својот имот и не требало да најавуваат катастрофа туку да го отстранат, вели државниот секретар за екологија