Mинистерот за здравство, Беким Сали денеска ја именуваше д-р Стојка Нацева-Фуштиќ за вршител на должност медицински директор на Универзитетска клиника за детски болести, додека за нов в.д. медицински директор на Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија е именува д-р Виолета Клисаровска.
Новоназначените директорки се именувани како вршители на должност до именување медицински директор, по распишување конкурс, но не подолго од шест месеци.
Директорите Софијанова и Васев поднесоа оставки по барање на министерот Сали











