Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Изгаснат пожар на пулмологија, пациент на кислородна поддршка запалил цигара, соопшти МЗ

/

пред 1742 дена

Сподели преку :

Избегната трагедија на скопска пулмологија.

Министерството за здравство информира дека вечерва на Клиниката за пулмологија во Скопје пациент, сместен во соба за кислородна поддршка, ја извадил маската преку која примал кислород и запалил цигара. Поради проток на кислород во собата дошло до пожар и пациентот се здобил со помали изгореници на лицето и градите.

Дежурниот медицински пероснал брзо реагирал, дотокот на кислород навреме бил исклучен со што била спречена експлозија, соопштија пд МЗ.

Од Клиниката случајот e пријавен во полиција, а повредениот пациент кој го предизвикал пожарот нема животозагорзувачки повреди. Во пожарот нема други повредени, а од болничката соба оштетен е мал дел од подот

Изгаснат пожар на пулмологија, пациент на кислородна поддршка запалил цигара, соопшти МЗ