Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

33-годишен пациент од Тетово е пушачот кој можел да ја “дигне” Пулмологија во воздух

/

пред 1742 дена

Сподели преку :

Брзата интервенција на дежурниот тим на Клиниката за пулмологија спречила поголема несреќа вечерва кога пациент ја извадил маската за кислородна поддршка и запалил цигара.

Според информациите на Телма, веднаш откако запалил цигара почнал да гори кислородот од маската и го изгорел по лицето и градите.

Во собата имало уште неколку пациенти исто така на кислородна поддршка. Дежурниот тим брзо дознал за пожарот и веднаш го исклучил централниот кислороден систем.

Доколку не бил изгаснат системот, пожарот можел да се рашири преку кислородот низ металните цевки кои би се загреале и би предизвикале експлозија.

Експлозијата може да предизвика поголем пламен и зафаќање на предмети на клиниката кои може да изгорат потпомогнати од пуштениот кислород. Ваков епилог е избегнат поради гасење на системот кој што го оставил пожарот без кислород за одржување и ширење.

Освен пациентот пушач никој друг не е повреден. Пациентот е на 33-годишна возраст, од Тетово е и бил на кислородна поддршка како терапија за хронична болест. На клиниката за Пулмологија нема пациенти кои се болни од Ковид 19.

Инаку на сите клиники е строго забрането пушење цигари кое е штетно за пациентите но и ризично за околината поради можност од предизвикување пожари. Особено е штетно за пациентите на пулмологија кои глацно имаат проблеми со болести на белите дробови, на  дишните патишта или сериозни алергии.

Пушењето создава чад и јаглерод моноксид и други хемикалии, кои ја намалуваат достапноста на кислородот и го иритираат респираторниот систем. Ако некој е на терапија со кислород, пушењето е контрапродуктивно и штетно за нивното здравје.

Сепак, младиот пациент решил и во таква состојба да ги прекрши правилата и да запали цигара.

33-годишен пациент од Тетово е пушачот кој можел да ја “дигне” Пулмологија во воздух