Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дисциплинска за затворските полицајци од Шутка кои со Мијалков постапуваа како хотелски батлери и буткаа новинари

/

пред 1738 дена

Сподели преку :

(На фотографија од видеото на А1он.мк се гледа полицаецот кој излегува надвор од капијата на затворот, асистира на обезбедувањето на Мијалков и ги турка новинарите и снимателите)

Двајца припадници на затворската полиција синоќа при ослободувањето на Сашо Мијалков не ги почитувале протоколите и поради тоа е отворена дисциплинска постапка. Еден од нив пред затворската капија ги туркаше новинарите од автомобилот на Мијалков кој не требаше да стои пред затворската капија.

Директорот на затворот Скопје во Шутка рече дека постапката е отворена поради кршење на безбедносни протоколи.

-Ќе се поведе дисциплинска постапка за двајца службеници од затворска полиција поради не почитување на протоколите за спроведување на притворено или осудено лице до предно стражарско место капија односно рампа. Во досегашната постапка е потврдено дека протоколот е прекршен и се постапувало спротивно на правилата предвидени со протоколот, рече во телефонски разговор за Телма, Филип Андов директорот на затворот Скопје во Шутка.

Задачата и овластувањата на затворската полиција завршуваат со предната капија на затворот и тие не смееле да го спроведуваат ослободениот Мијалков до цивилен автомобил. Полицајците кои учествуваа и во оневозможување на новинарските да известуваат од местото веќе дале изјава во која се правдале дека го спроведувале надвор поранешниот директор на тајната служба за да ја ослободат влезната рампа.

Мијалков е пуштен од притвор синоќа по повеќе од десет месеци поминати во Шутка откако му беше определена најстрогата мерка затоа што два дена беше недостапен, а обвинителството и натаму смета дека постои ризик од бегство откако веќе има две првостепени пресуди со 20 години затвор.

Дисциплинска за затворските полицајци од Шутка кои со Мијалков постапуваа како хотелски батлери и буткаа новинари