Судијата во Апелацискиот суд во Скопје, Фатмир Скендер е првиот кандидат за уставен судија. Попладнево тоа го утврди Комисијата за избори и именувања.
Расправата за другите осум предлози продолжува утре. Мнозинството не го поддржа предлогот на опозицијата за лично претставување на секој потенцијален кандидат пред пратениците и, во недостиг на посебен закон или деловнички одредби, се определи за задржување на досегашниот принцип.
Комисијата треба да утврди тројца од можните девет кандидати, a Собранието го врши конечниот избор со најмалку 61 глас.
Меѓу кандидатите се и актуелниот државен јавен обвинител Љубомир Јовески, универзитетските професори Саво Климовски и Родна Живковска, поранешната пратеничка Весна Јовановска.
Соња Николовска
Фатмир Скендер прв конкурент за пополнување на празните тоги на уставните судии











