Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Претресот во финансиска полиција ги урива темелите на правната држава, Арафат Муареми се жали на истрагата на Русковска

/

пред 1550 дена

Сподели преку :

Наместо да соработуваат разменуваат претставки и претреси.

Откако минатата недела истражители од Обвинителството за гонење на организиран криминал извршија претреси во финансиската полиција, сега од финансиската полиција упатија претставка до јавниот обвинител Љубомир Јовевски.

Сметаат дека обвинителството требало да побара информации кои би им биле доставени, а не да прави претреси согласно анонимни пријави и без индиции.

На тој начин, од финансиската полиција која ја води Арафат Муареми, сметаат дека обвинителството предводено од Вилма Русковска им го руши угледот и ним и на директорот, а исто така предизвикува и намалување на довербата на граѓаните во правосудниот систем и рушење на темелите на една правна држава“.

Воопшто не е јасно по кои индиции и докази се водел подносителот на барањето за наредба за претрес, а воедно и судијата кој што таквата наредба ја издал. Наведеното упатува на тоа дека при издавањето на наредбата, од страна на судијата на претходна постапка запазена е само формата, но не и суштината за да се издаде наредба за примена на ваква инвазивна мерка, каква што е претресот. Може да се констатира дека наредбата е воопштена, нејасна и остава простор за слободно толкување.

Од обвинителството одговорија дека Јовевски ја примил претставката и се преземени дејствија за испитување на наводите, по што ќе биде донесена одлука.

Претресот во финансиска полиција ги урива темелите на правната држава, Арафат Муареми се жали на истрагата на Русковска

Претресите кои финансиската полиција ги смета за незаконити се одиграа минатата недела, затоа што финансиската полиција била посочена како место каде се отвараат фиктивни истраги против фирми со повикување на непостоечки анонимни дојави.

Од обвинителството засега не откриваат што е пронајдено бидејќи станува збор за предистрага.

Миомир Серафиновиќ

Габриел Бајрам успешно и се криел на полицијата, ги крие и клучевите од потенцијалната крипто фарма во ГТЦ