Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Престрелка на Пластичарска, еден загинат, двајца ранети

/

пред 874 дена

Сподели преку :

Синоќа на булеварот Никола Карев (Пластичарска) имало инцидент и престрелка меѓу две групи. Едно лице на 29-гпдишна возраст починало во болница од раните од огнено оружје.

Уште двајца ранети мажи се однесени во болница. Полицијата го остражува случајот и издаде првично соопштение.

На 26.05.2024 околу 23.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Никола Карев“ во Скопје имало пукање. Во 23.45 часот, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје бил донесен Т.А.(24) од Скопје. Во 23.51 часот, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје биле донесени О.Б.(19) и А.И.(29), двајцата од Скопје, каде што по укажаната помош, во 00.45 часот на 27.05.2024, А.И. починал. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.

Престрелка на Пластичарска, еден загинат, двајца ранети