Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Евакуација и затворање на Зоолошката градина во Скопје

/

пред 716 дена

Сподели преку :

Eвакуација се врши утринава во Зоолошката градина во Скопје, евакуирани се ѝ вработените, поради наоѓање на бактерија.

Станува збор за бактерија, а не се исклучува ниту вирус кај гуските од кој можат да се заразат и луѓето. Во последниве денови угинале десетина гуски, а сега се усмртуваат и останатите.

Агенцијата за храна и ветеринарство од рано изутрина е во Зоолошката градина каде се вршат сите можни испитувања за да се види точно за што станува збор.

Зоолошката градина во Скопје, каде градоначалничката Данела Арсовска во нејзиниот досегашен мандат смени четворица директори, постојано е мета на напади од јавноста поради големиот број угинати животни и нетранспарентност во работењето во последниве години.

Евакуација и затворање на Зоолошката градина во Скопје