Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Инвеститор на зградата каде што се случи несреќата е Ивица Коневски, а фирма изведувач „Компанија Јакимовски“

/

пред 165 дена

Сподели преку :

Инвеститор на зградата која е во градба и каде утринава се случи несреќа е Ивица Конески, поранешен градоначалник на општина Аеродром.

Се работи за фирмата  Нар Инвестмент ДООЕЛ Скопје чиј сопственик е Ивица Коневски, а управител на компанијата е Илија Конески.

Телма стапи во контакт со Конески . Тој рече дека не може да зборува бидејќи е многу потресен, но посочи дека изведувач е Компанија Јакимовски ДООЕЛ. Тој очекува истрагата да покаже кои се причините за несреќата, но посочи дека ги имале сите потребни дозволи.

Сопственик и управител на фирмата изведувач „Компанија Јакимовски ДООЕЛ“ е Предраг Јакимовски , со кого засега не успеваме да стапиме во контакт.

Извори на Телма потврдија дека во несреќата на градилиштето во Кисела Вода еден работник е починат, а двајца се повредени. Несреќата се случила кога работниците ги затрупала земја.

Несреќа на градилиште во Кисела Вода, затрупани работници

Д-р Арсовски: Еден од работниците е на КАРИЛ, останатите двајца се со полесни повреди

Инвеститор на зградата каде што се случи несреќата е Ивица Коневски, а фирма изведувач „Компанија Јакимовски“