Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Софијанова: Како прво јас сум лекар, и како лекар треба да им се најдам на најранливите

/

пред 1413 дена

Сподели преку :

Сметам дека како прво сум лекар и како лекар треба највеќе да им се најдам на децата, порача поранешната директорка на Детската клиника Аспазија Софијанова, во вечерашната Топ Тема на Телма, запрашана за оставката.

Мислам дека треба јавноста да знае дека сигурно двете работи кои што се случуваа, особено социјалните мрежи како почнаа да плетат мрежа околу тоа што сѐ се случувало, како се случувало, од друга страна јас имам морал во себе и сметав дека подобро е да дадам оставка. Тоа што го направив дали е подобро или полошо ќе покаже времето, рече Софијанова.

Тврди дека над 35-те години работа на детската клиника ѝ претставуваат чест и задоволство, затоа што позади неа има многу успешни приказни.

Ниту една директорска функција не може да биде појака од онаа што се вика лекар. Ако вие станете лекар, и ја имате довербата кај пациентите и кај родителите, мислам дека појака функција од тоа нема. Една ситуација која што се случи, во никој случај не треба да го поремети тоа кое што го имам зацртено, а тоа е да им помагам на најранливите и да создаваме здрава нација во оваа држава, каде дефицитот на педијатри е се поголем и поголем, рече проф. д-р Софијанова.

Софијанова: Четири дечиња се испратија на лекување во странство додека бев на доусовршување во Словенија