Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пукање во школо во Белград, 14-годишен ученик го убил чуварот и ранил повеќе деца

/

пред 1266 дена

Сподели преку :

Страшно злосторство се случило утрово кога четиринаесетгодишно момче дошло вооружено во училиштето „Владислав Рибникар“ во белградската населба Врачар, го убило чуварот и ранило повеќе луѓе.

Според првичните информации на српските медиуми ученикот од седмо одделение од тоа училиште, вооружен дошол во училиштето и почнал да пука, а стрелбата траела околу пет минути.

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека има уапсени, а повредените се хоспитализирани.

Пред училиштето има голем број луѓе, полиција, итната помош, како и преплашени родители чии деца посетуваат настава во овој објект.

Претседателката на Синдикатот на просветните работници на Србија, Јасна Јанковиќ, претходно во изјава за Нова.рс рече дека е шокирана од настанот и информираше дека во пукањето повредени се најмалку пет ученици.

Уапсениот ученикот кој пукал во училиштето во Врачар го зел пиштолот од неговиот татко со кој пукал врз учениците и професорката.

Градежен работник од Турција настрада на градилиште во центарот на Скопје