Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бензините поевтинуваат за половина, односно за еден денар

/

пред 1227 дена

Сподели преку :

Регилаторната комисија за енергетика донесе одлука за промена на цените на бензините.

Според одлуката на РКЕ бензините поевтинуваат за половина односно еден денар, а цената на дизелот останува непроменета.

Бензинот Еуро супер 98 ќе се продава за денар поевтино односно за 82 денари за литар.

Цените на Еуро супер 95 и на екстра лесното масло се намалуваат за половина денар и од полноќ ќе се продаваат за 80 денари за литар бензин односно 67,5 денари за литар екстра лесно масло за горење.

Дизел горивото останува на иста цена и натаму ќе се продава за 69 денари литар.

Намалена е цената и на мазутот за повеќе од половина денар и отсега килограм мазут ќе падне под 40 денари за килограм.

Во цените е пресметана промената на берзанската цена и падот на доларот во однос на денарот поради врзаниот курс со еврото, соопштија од Регулаторната комисија.

Стари цени Нови цени
Од 30.05.2023 Од 06.06.2023
Дериват ден/лит ден/лит
ЕУРОСУПЕР БС  – 95 80,50 80,00
ЕУРОСУПЕР БС  – 98 83,00 82,00
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д– E V) 69,00 69,00
ЕКСТРА ЛЕСНО 1 (ЕЛ-1) 68,00 67,50
БИОДИЗЕЛ Б6 БС 70,00 70,00
МЕТАН 67,00 ден/кг 62,00 ден/кг
АВТОПЛИН 45,00 ден/кг 45,00 ден/кг
МАЗУТ 40,175 ден/кг 39,604 ден/кг

 

Макпетрол: Цената на гас за јуни пониска за 13,82%, метанот паѓа за 5 денари по килограм