Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп: НАТО членки кои не плаќаат сметки, не би ги штител од Русија

/

пред 986 дена

Сподели преку :

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп порача дека би ја „охрабрил“ Русија во случај да нападне некоја од членките на НАТО која не ги плаќа своите сметки во рамки на Алијансата.

Тој изјави оти еднаш му рекол на лидерот на НАТО дека нема да штити нација која доцни со исплатите доколку биде нападната од Русија и дека ќе ја „охрабри да прави што сака“, пишува „Си-Ен-Ен“.

Белата куќа ги нарече таквите коментари „ужасни“.

Говорејќи на митинг во Јужна Каролина во саботата, Трамп се потсети состанок со генералниот секретар на западната воена Алијанса. Тој откри дека на лидер на „голема земја“ му претставил хипотетичка ситуација во која не ги исполнува своите финансиски обврски во рамки на НАТО, а се наоѓа на удар на Москва. Притоа, како што рече Трамп, бил запрашан „дали САД ќе помогнат на мојата земја во таков случај“, на што екс претседателот на САД одговорил:

„Му реков: Не си платил? – Ти си деликвент? – Не, нема да те штитам. Врпочем би ги охрабрил да ти прават што сакаат. Мораш да платиш“.

На ваквите изјави на Трамп реагираше портпаролот на Белата куќа кој рече дека „поранешниот претседател охрабрува инвазии на убиствени режими на нашите најблиски сојузници“. Тој додаде дека изјавата на Трамп „ја загрозува американската национална безбедност, глобалната стабилност и домашната економија“.

Трамп, кој важи за фаворит за републикански кандидат на претстојните претседателски избори во САД, долго го критикуваше НАТО и преголоемото финансиско оптоварување за Соединетите Американски Држави да гарантираат одбрана на 30 други нации.

Според податоци на НАТО, САД финансираат две третини од целиот буџет на Алијансата.

Борел: Не може НАТО да зависи од расположението на американскиот претседател