Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Костовски од Бутел тврди дека општината ќе изгради поликлиника во Бутел преку проект од влада, иако владата и Здравство се задолжени за тие инвестиции од централен буџет

/

пред 710 дена

Сподели преку :

-Следната година клучниот проект кој ќе го предложи општина Бутел на владата ќе биде изградба на поликлиника. Ова е еден момент кој го кажувам со целосна одговорност, најави во ТОП Тема на Телма, градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски.

На тоа му беше посочено дека тоа не е во надлежност на општинските власти туку дека за тоа треба да издвојат пари, централните власти од својот буџет прек Министерство за здравство, а на општините да им дадат пари за нивни ндлежности.

-Зошто да не е. Во време на мојот мандат се вцрта маркица за поликлиника. Сега се направи еден таков договор во општина Илинден која во најголем дел е инвеститор со помош на Министерството за здравство, возврати Костовски.

Според него, граѓаните имаат потреба од поликлиника и претходните 30 години сите влади и градоначалници ветувале такво нешто, но тоа не е сторено.

-Градоначлниците си велеа, добро еве владата ќе ја изгради. Но, тоа не се случи. Сега бидејќи точно знам што им е потребно на граѓаните на Бутел, после 30 години ќе почне да се гради поликлиника во општината, изјави Костовски во ТОП Тема на Телма.

Костовски потенцираше дека што поскоро треба да се направи и законска можност за комунална полиција која ќе придонесе за редот, за одржувањето на чистотата и заштитата на игралишта од вандализам на локално ниво.

Се сечат децениски дрвја, а после се садат мали грмушки, Шапуриќ во ТОП ТЕМА за граѓанските проблеми наспроти општинските планови за изградба на висококатници