Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Поштата споро ја носела кривичната пријава за Ивановска, МВР за Телма со хронологијата на полициското постапување

/

пред 433 дена

Сподели преку :

(ФОТО ИЛУСТРАЦИЈА, PIXABAY) Писмото со поканата за Билјана Ивановска патувало 12 дена меѓу зградата на обвинителството и СВР Скопје. Заклучокот може да се извади од одговорот на МВР до Телма зошто на Ивановска, поранешната претседателка на ДКСК, на врата и дошле полицајци со покана за обвинителски распит, десет часа по нејзиното објавување на кандидатурата за градоначалник.

-Ве известуваме дека поканата од ОЈО во СВР Скопје е пристигната на 06.08.2025. На 08.08.2025 во полициска станица Центар е примена, по што на 14.08.2025 полициски службеници биле на домашна адреса кај лицето, но не било дома. Наредниот ден (15.08.2025) лицето дошло да ја подигне поканата во полициска станица, одговорија од МВР на прашањата на Телма.

Обвинителството пак претходно соопшти дека известувањето до МВР било пратено на 25-ти јули по приватна кривична пријава против Ивановска доставена до нив. Пријавата се однесува на периодот кога Ивановска беше претседателка на Антикорупциската комисија, но обвинителството не соопштува други детали.

Ивановска по примањето на поканата порача: Немам што да кријам, имам чиста совест и не се плашам од никакви закани и ниски удари и притисоци.

Полицијата преку ноќ пред портите на поранешната претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, неколку часа откако објави кандидатура за градоначалник