Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Децата учебната година ја започнаа во најлоши можни услови“ – граѓаните денес на протест поради пожарот на Вардариште

/

пред 411 дена

Сподели преку :

Жителите на скопската општина Аеродром најавија граѓански собир и блокади на раскрсници поради, како што велат, „екоцидот и неподносливата миризба“ која со денови го загадува воздухот и го загрозува здравјето.

Револтот доаѓа по пожарот кој избувна на депонијата Вардариште во неделата попладне, и ги остави скопјани без струја до доцните часови.

Во јавниот повик објавен денеска граѓаните наведуваат дека проблемот мора да се реши „сега и веднаш“, бидејќи загадувањето најмногу ги погодува децата кои новата учебна година ја започнаа во, како што посочуваат, најлоши можни услови.

Организаторите најавуваат мирни блокади на раскрсницата меѓу булеварите АСНОМ и Србија.

„Пред мостот „Киро Глигоров“, секој ден во 16 часот, сè додека институциите не најдат решение“ стои во соопштението.

(Видео)Пожарот на Вардариште можна причина за прекинот на струја во Аеродром и Ново Лисиче