Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Обвинета призна вина дека зела мито за ИПАРД фондовите

/

пред 157 дена

Сподели преку :

Обвинетата Јасмина Костадинова вработена во Министерството за земјоделство призна вина за примање на мито за да посредува за фирма да добие пари од ИПАРД програмата.

Нејзиниот адвокат Звонко Давидовиќ, пред почетокот на судењето кажа дека таа ќе признае вина, по што, главната расправа беше прекината а нејзината постапка се раздвои.. Адвокатите на другите 8 обвинети негодуваа зашто судењето заврши, пред да се изјаснат и нивните клиенти.

Во овој случај деветмина се обвинети за примање и давање мито од над 50 000 евра. Меѓу нив е и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Илија Стоилев и Џевдет Насуфи, ексминистер за правда и за локална самоуправа.

Според обвинението, Насуфи дал поткуп неговата фирма да биде рангирана за добивање на пари од  ИПАРД-програмата, иако не ги исполнувала критериумите. Највисоката сума од 50 000 евра била намената за раководното службено лице во Агенцијата, а на уште три лица им биле дадени по 5.000 евра  за да извршат притисок за донесување одлука.

Кривична одговорност е утврдена уште кај уште четворица државни службеници вработени во Агенцијата.

Приведен е Илија Стоилев актуелниот директор на Платежната агенција – се сомничи дека е затекнат како прима поткуп од 5 илјади евра