Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео) Преполни контејнери и неподнослива миризба во скопската населба Карпош

/

пред 156 дена

Сподели преку :

На улиците „Никола Парапунов“ и „Волгоградска“ во скопските населби Карпош 3 и 4, контејнерите од двете страни на коловозот се преполни со отпад, при што се шири непријатен мирис.

Околу нив се забележуваат несобрани и расфрлани кеси со ѓубре, што може да доведе до развој на бактерии, инфекции и вируси, како и до појава на стаорци.

Овој проблем постоеше и пред почетокот на кампањата за локалните избори, продолжи и за време на предизборниот период, кога беа дадени ветувања дека градот ќе биде чист и дека контејнерите редовно ќе се празнат.

Сепак, од тогаш до денес, состојбата останува непроменета.

Контејнерите на овие две улици континуирано не се празнат и се преполни со отпад.

Ова е сосотјбата пред просториите каде порано беше сместена Општина Карпош

Теа Димковска

(Фото) Преполни контејнери и реа во скопско Тафталиџе, кај Млечен – граѓаните револтирани, бараат поажурно собирање на ѓубрето