Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Со презентација на докази за ДПИ, продолжува судењето за „Пулс“

/

пред 95 дена

Сподели преку :

Со презентација на материјални докази од Обвинителството кои се однесуваат на Државниот пазарен инспекторат , денеска во судницата во „Идризово“ продолжува судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Судењето се наоѓа во доказна постапка, а на минатотот рочиште Обвинителството, презентираше докази обезбедени од Министерството за економија и труд, сектор за туризам и угостителство, а кои се однесуваа на лиценцирањето на дискотеката.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК, загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Ова е една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Изведување материјални докази на судењето против деветмината полицајци поврзани со дискотеката „Пулс“