Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мапа: Каде нападна руската војска и колку наликува на операцијата „Бура 333“ во Авганистан

/

пред 1683 дена

Сподели преку :

КАРТА НА УКРАИНА:  Локации каде беа извршени руски воздушни и ракетни напади

Од Лвов на запад преку Киев во средината на државата до Одеса на Црното Море и Харков на границата кон Русија.

На најмалку 18 локации пред се транспортни, карго или помали цивилни аеродроми беше главниот удар на руските сили во инвазијата врз Украина која почна рано утрово.

Во Киев се лоцирани две мети на напад, а една е карго аеродромот Антонов на кој со хеликоптерски десант се истовариле и руски падобранци.

Исто така напад е извршен и врз аеродром во близина на градот Мариупол кој спаѓа во областа Донецк, но е под контрола на украинските сили.

Во реонот на градот Харков во близина на границата со Русија е извршен напад врз две локации, а нападнат е и пограничниот град Суми.

Напади има и врз локации во и околу приморскиот град Одеса. Во центарот на Украина се нападнати и писти на аеродромите во градовите Днепро и Запорожје.

Лвов, град на крајниот запад на Украина, на граница кон Полска, каде западните амбасади се преселија од Киев уште минатата недела исто така не куртули од руски воздушни напади. Таму се нападнати две локации, а има и напад врз аеродромот Ивано-франкивск кој е на 50-тина километри од границата со Романија.

Македонскиот амбасадор во Киев: Стотина македонски државјани се уште се заглавени

Нападот со хеликоптерски десанти врз аеродроми за формирање на воздушен мост не е нов ниту во поновата воена историја ниту пак им е непознат на воените структури во Москва. Таа тактика советската армија ја примени и како почеток на инвазијата во Авганистан во 1978-та година.

Но, тогаш се користеше методот на покана од авганистанскиот претседател Нур Тараки. Советската Армија ги стави под контрола сите аеродроми на Авганистан. Тараки ненадејно почина и во претседателската палата се всели ново лице со советски афинитети, но непосакувано од локалното население.

Поради непопуларноста на ново назначениот претседател на Авганистан Хафизула Амин, руските падобрански командоси користејќи го методот со воздушен мост слетаа на аеродромите во Кабул и Баграм, а организираа брза акција наречена „Бура 333“ во која го ликвидираа Амин и ја отпочнаа децениската советска окупација на Авганистан.

Сличен рецепт, прво аеродром, па се останато, руските сили применија и на крајот на војната за Косово кога руски единици од БиХ пристигнаа во Приштина, го зазедоа аеродромот пред да стигнат војниците на НАТО и веднаш организираа воздушен мост со засилување во трупи и оружје.